СЕКТОР ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО

– Одделение за јавна хигиена
– оддел за одржување на јавна чистота

– Одделение за хортикултура
– оддел за одржување на папркови и зеленило;

СЕКТОР ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО- работи и работни задачи

Со секторот Паркови и зеленило раководи раководителот на сектор за паркови и зеленило.

Секторот опфаќа уредување, одржување, заштита и реконструкција на јавното зеленило во општина Прилеп, како и чистење и одржување на јавните прометни површини, подигање, садење, одгледување и обновување на зелените површини, заштита на зелените површини од оштетувања (болести и штетници), чистење и одржување на озелените површини и на патеките.

Под зеленило се подразбира урбаното зеленило, односно зелените површини во границите на планскиот опфат, како и зелените површини во непосредна близина на градот кои се надвор од планскиот опфат.

Во овој сектор постојат Одделение за одржување на јавна хигиена и Одделение за хортикултура.

Одделението за одржување на јавна хигиена ја опфаќа дејноста на јавната чистота на јавните прометни површини, јавните зелени површини и спортските објекти.

Ова одделение има оддел за одржување на јавна чистота.

Одделението за хортикултура опфаќа подигање и одржување на јавни зелени површиним расадничарско производство, изработка на оперативен план за работатана секторот, како и хортикултурно уредување на деловни простории.

Во ова оддделение има оддел за одржување на паркови и зеленило.

Раководител на одделение паркови и зеленило
Даре Цветаноски- дипломиран земјоделски инжењер
048/428-992
070/356-758
komunalecprilep@yahoo.com
presskomunalec@yahoo.com