Заврши чистењето на Дабнички канал, се прави генералка во населбата

По комплетното чистење на Дабнички канал, од мостот кај касарната до вливот со Оревоечка река, се прави темелно чистење на двете улици покрај кејот, се рамнат површините и се дочистува зарасната треба и џбунови. Каналот се исчисти со тешки градежни машини, а на некои потези каде не е возможно машинско чистење, комуналците извршија рачно чистење. На депонијата Алинци, само од овој дел од каналот се транспортираа над 600 м3 отпад.

Од Комуналец, апелираат до граѓаните да се однесуваат совесно спрема животната средина, и уште еднаш ги потсетуваат истите дека електричениот и електронскиот отпад, мебел, теписи и друга покуќнина ги подига Комуналец бесплатно, по претходна најава на тел. 048/428-992. Исто така, различни пластични предмети (корита, столици,саксии, туби, буриња, гајби, цефки за довод и одвод) и други предмети кои можад да се рецилкираат, слободно да ги одлагаат во жолтата канта, или, заради габаритноста да се оставени до нејзе, а единицата за селекција е должна да ги подигне од дворовите.

Инаку, потегот кој се исчисти пред два месеци од мостот кај касарните, до населбата Тризла, веќе е затрупан со најразличен отпад.

Можеби ќе ви се допадне