Комуналец доследен во извршувањетo на оперативниот план

,,Комуналец,, доследен во извршувањето на оперативниот план, но и во одржување на површини кои ги работат  како општествено одговорно претпријатие.

Неделава, комуналците косат проблематични површини во градов. Таков е случајот и со речното корито од  малиот мост во населбата Ѓогдере, накај градскиот базен, и од мостот  во населбата Димо Наредникот, до подвозникот во населбата Бончејца.

,,Како што им ветивме на почитуваните сограѓани, но и согласно Оперативниот план за работа на ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп, при крај сме со косењето на проблематичните делови од речното градско корито.Во овој дел од градот  косиме  прв пат годинава, но поголемиот дел  од речното корито се коси и по трет пат, во што и самите граѓани можат  да се уверат. Иако  за делот од неканализираното речно корито добивавме кртики, намерни или случајни, јас ги уверувам граѓаните дека овој дел од речното корито го косиме  20 дена порано од сите претходни години. Годинава, нема да застанеме со косење до печатницата  Слово, туку во интерес на граѓаните ќе косиме до излезот на градов, накај Егејските згради,,- изјави в.д, директорот Звонко Јованоски.

Со неговото доѓање во ,, Комуналец,, тој увидел и бројни теренски одстапувања, а во одредени делови и запоставени и запуштени паркови.

,,Во  петте месеци од  моето доаѓање во ,, Комуналец,, увидов бројни теренски неправилности, а во одредени делови на градов и запоставени терени. Таков беше случајот дури и со најпосетуваниот  парк  Могилата, за што и самите граѓани можад да се уверат во каква состојба беше, а каква е сегашната состојбата.

Посветивме  внимание и на сите големи паркови во населбите Точила, Петта Прилепска, Ѓогдере, Димо Наредникот, Бончејца, но уредени   се и сите маалски паркови низ градов и населените места,, потенцираше Јованоски.

За да го реализираат  Оперативниот план и да извлечат  максимум во одржувањето, Јованоски, со раководниот тим решиле да направат и реорганизација во извршувањето на услугата.

,,Направивме целосна реорганизација  во Јавно прометните површини. Започнавме од плоштадите и пешачките патеки, каде воведовме три дена во неделата комплетно миење на централното градско подрачје, ја распределивме работата помеѓу вработените, за да избегнеме одредени вработени да го носат поголемиот терет.

По хаосот кој го наследив како финасиски,  така и во оперативниот дел, веќе можеме да се пофалиме дека Комуналец функционира како едно големо семејство , каде секој си ја знае својата работна задача,,.

Добриот домаќин се познава по влезот во дворот. Па така и ,, Комуналец,, пред престојниот Пиво фест ќе ги уредува излезите и влезовите од градов.

,,Следно на што ќе посветиме  внимание се излезите од градов. Пред престојниот Пиво фест ќе обрнеме внимание  со косење и  собирање на неконтролиран исфрлен отпад и уредување на  надвозникот кај Салида, излезот за Крушево на улицата Леце Котески, обиколницата  за  Варош и излезот за регионалниот пат спрема  Македонски брод , како и локалниот пат за  Лагово,, -додаде  директорот  Звонко  Јованоски.

Се  укажа и на потребата која ја имаат граѓаните во одредени делови во градов, а не се влезени во Програмите  за одржување на паркови и зеленило,  парк шуми, и Јавно прометни површини. Ова  го работат како одговорно општестевно претпријатие,  со цел да  излезат  во пресрет на граѓаните, за што се потребни  финасии, опрема и алат, но пред се човечки ресурси.

Можеби ќе ви се допадне