Средба на в.д директорт Звонко Јованоски со новинарите

На денешната средба со новинарите, в.д. директорт Звонко Јованоски, ги запозна новинарите со реализираните и планираните активности во делот на селекцијата на отпад.

„Според официјалните податоци од Пакомак, Прилеп, е далеку пред другите градови во селектирањето на отпад. Во 2107 год. прилепски Комуналец, само преку Пакомак има регистрирано 936 тони селектиран отпад од пакување. Или, од вкупниот селектиран отпад од пакување 1.565,75 тони на ниво на градови, Комуналец селектирал 936,1 тон, или 60 % од целокупниот селектиран отпад, евидентиран преку Пакомак. Ако се земе споредбата дека ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп во 2017 година само по основ на отпад од пакување продал 936 тони, додека ЈП„Комуналец“ – Битола 165 тони, aко се земе во предвид и бројот на жители по општини, разликата е очигледна. Граѓаните на Прилеп, селектирале 10 пати повеќе отпад од пакување во однос на Битола,а Комунална хигиена од Скопје селектирала само 92 тони“ изјави Јованоски

„Интенцијата на ЈКП„Комуналец“ е, во 2018 година да го зголемиме процентот на селектиран отпат, а тоа го покажавме и изминатово тромесечие кога сме селектирале, балирале и продале 187,3 тони, споредбено со 2017 год.( јануари, февруари и март),кога се селектирале 178 тони, или, првото тромесечие селектираниот отпад е зголемен за 10%, рече Јованоски.
Општина Прилеп, е првата општина во Македонија која изминатиов месец воведе селекција и во населените места :Ерекеовци, Беровци, Алинци, Кадино село, Галичани, Тополчани, Веселчани, Загорани, Ново Лагово Старо Лагово и Селце. Или, вкупниот опфат на наслението со со канти за селекција на отпад е околу 96%. Само мал процент од жителите или 4% не се вклучиле во селекцијата на отпад со акцијата за распределба на канти во населените места.

„Во наслените места распределивме 1073 канти за слекција на отпад со вкупно 582 корисници Распределувањето на кантите за селекција на отпад е на доброволна основа и во градот и во населените места . Според податоците со кои располага ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, во градот се распределени се 16. 703 канти за селекција, или процентот на опфат е 68 %. Додека во контејнерскиот дел по ЈПП, институции, згради и станбените блокови опфатот е 100%. Во наредниов период планирано е да се продолжи со распределба на канти за селекција во градот и во населените места, се додека насленито во целост ја прифати примарната селекција, која е и законска обврска на секоја општина, истакна Јованоски.

На новинарско прашање колку се селектира стакло и стаклена амбалажа, Јованоски, рече дека процентот на селекција на стакллена амбалажа во однос на останатите отпадни маетријали е мал, но, со оглед на новата пратака на контејнери за селкција на стакло, Прилеп, располага со 45 Игло контејнери за стаклена амбалажа. Воедно, Јованоски ги повика институциите и бизнис секторот да се обратат до нив доколку имаат потреба и сакаат да се вклучат во селекција на хартија. Комуналец, на располагање има картонски корпи кои ги доделува бесплатно. Истите не зафаќааат простор, а со селекцијата вработените во институциите и фирмите ќе можат да селектираат хартија, со што ќе дадат свој придонес во заштитата на животната средина.

Можеби ќе ви се допадне