Канти за селекција на отпад и во населените места

1073 канти за слекција на отпад со вкупно 582 корисници изминатиов период ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, распредели во населените места: Ерекеовци, Беровци, Алинци, Кадино село, Галичани, Тополчани, Веселчани, Загорани, Ново Лагово Старо Лагово и Селце. Или, вкупниот опфат на наслението со со канти за селекција на отпад е околу 96%. само мал процент од жителите или 4% не се вклучиле во селекцијата на отпад со акцијата за распределба на канти за селекција во населените места.

Распределувањето на кантите за селекција на отпад е на доброволна основа и во градот и во населените места . Според податоците со кои располага ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, во градот се распределени се 16. 703 канти за селекција, или процентот на опфат е 68 %. Додека во контејнерскиот дел по ЈПП, институции, згради и станбените блокови опфатот е 100%.

Во наредниов период планирано е да се продолжи со распределба на канти за селекција во градот и во населените места, се додека насленито во целост ја прифати примарната селекција , која е и законска обврска на секоја општина.

СЕЛА
-Распределени 1073 канти за куќна селекција со вкупно 582 корисници на услуги.
– Ерекеовци, Беровци, Алинци, Кадино село, Галичани, Тополчани, Веселчани, Загорани, Ново Лагово Старо Лагово и Селце.
– 96% покриеност во населените места

ГРАД
-Распределени 16.703 канти за куќна селекција со вкупно 8. 918 корисници на услиги кои селектираат отпад.
-68 % покриеност со куќна селекција , таканаречениот модел врата до врата
-Вкупно набавени канти – 18.261
-100% покриност со контејнерска селекција во станбените блокови, згради, институции, Јавно прометни површини.

 

Можеби ќе ви се допадне