ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, со неколку активности се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на планетата Земја

Акцијата за чистење на дивите депонии, која во континуитет ќе се одвива околу еден месец, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп и Локаланата самоуправа, ја посветуваат на вчерашниот ден, Светскиот ден на планетата Земја. Во светот, а и кај нас, се организираат бројни оперативни и едукативни настани, преку кои се упатуваат пораки за заштита на животната средина.

Чистењето на дивите депонии започна од најризичната дива депонија кај надвозникот на излезот за Битола минатата недела. Иако комплетно исчистена, несовесните граѓани и градежните фирми и понатаму си погруваат со природата. Купишта земја, градежен шут, разноразен комунален отпад, огромни бетонски блокови и столбови се исфрлаат на оваа локација.

Директорот, Звонко Јованоски, по повод Светскиот ден на планетата земја, упати апел до сите жители на општинава, до градежните фирми и бизнис секторот, да се вложат заеднички напори во зачувувањето на животната средина. Посебно упати апел до Инспекторатот, да се заложи со зачестени контрили и активирање на сите човечки ресурси и да се спречи оваа неубава појава со неконтролирано истурање на инертниот отпад. Јованоски, истакна дека депонијата Алинци е отворена за одлагање на градежен шут, освен отпадот кој е со ознака опасен отпад, и во текот на денот истиот транспортиран отпад ќе биде евидентиран на влезот и одложен на депонијата Алинци.

Покрај овозможениот влез на депонијата Алинци со приватно транспортно возило, на располагање на граѓаните и градежните фирми им се контејнери од 5м3, кои по нарачката се доставуват во рок од 1 час, посочи Јованоски.

Воедно, Јованоски додаде дека Прилеп, располага со над 230 илјади метри квадратни парковски површини, со многу зеленило, кое во континуитет се одржува, и непотребно фрлените пари за чистење на диви депонии, можат да се насочат во создавање на нови зелени површини и хортикултурно уредување на градот.

По чистењето на дивата депонија кај надвозникот на излезот за Битола, на која се натрупани над 350м3 инертен отпад и комунален отпад, ќе се продолжи со чистење на дивите депонии над касарната Мирче Ацев, Заполшки мост, патот спрема Оревоец, над населбата Кузман, патот за Маркова чешма и Ленишки мост,од левата страна на патот спрема езеро, и во населбата Тризла на повеќе локации.
Во 2017 година само на депнонијата Алинци се одложени 3.228 тони градежен шут и 323 тони неупотреблива земја, од вкупниот отпад однесен на депонијата или 26.500 тони комунален мешан отпад одложен на депонија.

Табеларен приказ на поголеми лоцирани диви депонии

     ‒ Околу касарна “Мирче Ацев“ од кај улицата Ердован Шабаноски = 300 м3
             ‒ Надвозник “Салида“ = 350 м3
             ‒ Заполшки мост = 40 м3
             ‒ Пат спрема Ореовец = 100 м3
             ‒ Населба “Кузман“ = 30 м3
             ‒ Патот за “Маркова чешма“ и “Ленишки мост“ = 200 м3
             ‒ Патот спрема вештачко езеро, лево = 400 м3
             ‒ Нови гробишта, обиколен пат за манастир Трескавец = 450 м3
             ‒ Населба Тризла, недефинирано на повеќе локации
Можеби ќе ви се допадне